СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Honda излегува од формула 1

Како од гром од ведро небо од Јапонија пристигна изненадувачка вест дека Honda ќе ја напушти Формула 1 после крајот на сезоната 2021.

Како што наведува во своето соопштение јапонскиот производител, целта на компанијата е со повеќе ресурси да се посвети на електрификацијата.

Оваа одлука може да биде проблем за австрискиот Red Bull бидејќи ги користи агрегатите на Honda, која го снабдува уште и Toro Rosso, сега познат како AlphaTauri.

Јапонскиот производител во формула 1 се врати во 2019-тата, кога победи во Австрија, Германија и Бразил, додека годинава славеше на Силверстоун и Монца.

Сепак и покрај ваквиот ветувачки почеток, Honda не сака да остане во формула 1 заради сé поголемите трошоци за развој поврзани со претстојните измени на правилата за идните сезони.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт