СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

И NASCAR GP доаѓа во Хрватска

Откако пред неполн месец Хрватите добија потврда дека ќе бидат домаќини на WRC настан, сега од светот на автомобилизмот им пристигна уште една одлична вест.

Идниот месец на 14-ти и 15-ти на автодромот Гробник ќе се одржи трка од една од најпрестижните автомобилски серии – NASCAR GP.

Оваа одлука практично во последен момент е донесена од страна на организаторот заради епидемиолошка ситуација и рестрикциите предизвикани со пандемијата во Чешка.

Таму во истиот термин требаше да се одржи третата трка од NASCAR GP шампионатот.

Презадоволни, Хрватите велат дека не можело ни да се замисли подобар начин да се заврши сезоната на овој познат автодром покрај Риека.

Дали Гробник и во иднина ќе биде домаќин на овој атрактивен шампионат, тешко е да се каже.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт