СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Привременото зголемување на акцизите за горивата сега ќе стане трајно

 

Лани во април, како привремена мерка, владата донесе уредба со законска сила со која се зголемија акцизите за горивата која требаше да трае седум месеци по завршувањето на вонредната состојба.

Со неа беше регулирано за горивата да се пресметуваат дополнителни акцизи во висина од 3 односно 2 денари по литар, во зависност од берзанската цена на дериватите.

Донесувањето на оваа уредба беше со цел да се обезбедат доволно приходи во буџетот кои со тогашното драстично намалување на цената на суровата нафта беа непланирано скратени.

Седумте месеци изминаа, нафтата одамна се стабилизираше и дополнителните акцизи требаше да бидат укинати.

Тие во моментов изнесуваат 2 денари за литар, што значи дека горивата треба да поевтинат за 2,50 денари бидејќи на акцизите се пресметува и ддв од 18%.

Но тоа нема да се случи – до Собранието се поднесени измени на законот за акцизи со кои привременото зголемување треба да стане трајно. И не само тоа – предложената сума на акцизите е за малку поголема – кај бензините за 0,3, а кај дизелот за 0,4 денари за литар, што значи дека горивата ќе поскапат за 0,5 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг