СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Peugeot 9X8: Роден за тркачки патеки [видео]

Новиот шампионат во издржлиовст, Peugeot ќе го започне со две екипи кои ќе управуваат со новиот Peugeot 9X8.

Peugeot покажува сериозна желба за тркање. Веќе над 10 години спортскиот оддел Peugeot Sport ја усовршува својата хибридна технологија.

По 908 HY, 908 HYbrid4, 308 R Hybrid и 208 FE, Peugeot Sport Engineered за 2022 подготви високо компетитивно возило за серијата World Endurance Championship (WEC).

Во тркачкиот свет серијата 24 Le Mans зазема посебно место. Попластично кажано, тоа што е Formula 1 за брзините, тоа се трките 24 Le Mans за издржливоста.

На ова поле се покажуваат вистинските капацитетите на долгопругашите. Да се вози 24, 8 или пак 6 часа под полно оптеретување значи да се стават на тест сите вградени компоненти, но и функционирањето на целиот пакет.

За исполнување на екстремните очекувања производителите вложуваат сериозни човечки и финансиски капацитети.

За годинава спортската дивизија на Peugeot го подготви концепетот „9X8“ со кој аспирира на највисоките позиции.

Уште на прв поглед паѓа во очи отсуството на било каков спојлер кој конкуренцијата стандардно го вградува на задниот дел. Монокок шасијата е до тој степен аеродинамична што и без заден спојлер лесно се носи со екстртемно високите брзини.

Болидот има хибриден погон во кој се комбинира 2,6 литарски битурбо V6 бензинец со електромотор. Бензинскиот снагатор кој истиснува максимални 707 КС преку 7-степенски секвенцијален менувач ja пренесувсилината на задните тркала.

Во предниот дел е вграден електромотор од 200 kW (272 КС) кој силината ја пренесува директно на предните полуски.

Електромоторот работи на напон од 900 волти, што претставува уште една техничка специфика.

Јасно, возните својства се подржани од интегралниот погон овозможен од бензинецот на задната и електромоторот на предната оска.

Заедничкото дејство на двете импулзии (980 КС), 5-метарскиот болид со вкупна тежина од само 1.030 kg лесно го доведуваат до брзинските лимити.

Шесте пилоти од двете фабрички екипа на Peugeot TotalEnergies се веќе подготвени за фаќање у костец со конкуренцијата. Едно е сигурно, лубителите на World Endurance Championship (WEC) трките ќе можат да уживаат во возбидливи и неизвесни трки.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт