СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Започнува втората сезона од Twingo Cup

Во организација на АКК Рено Спорт со првата трка закажана за следниот викенд на патеката Гробник, Хрватска стартуваа вората сезона на атрактивниот Twingo Cup.

Ако минататa година имаше некоја сокриена скепетичност околу успешноста за организирање на куп – трки, годинава со големо нетрпение се очекува стартот на натпреварите од „Твинго купот“.

Причината е позната, ланските трки докажаа дека не само што се организираа сите предвидени трки, туку тие предизвикаа нескриен интерес кај пошироката публика. И тоа не само кај нас туку и во соседството.

Токму затоа со нетрпение се очекува почетокот на годинешните натпревари, а тие започнуваат сo вистински шлагер.

На познатиот автодром, Гробник во Хрватска во два дена (22 и 23 февруари) ќе се вози интернационална трка на идентични возила од Twing Cup. Во силна меѓународна конкуренција силите ќе ги измерат и осум Македонски натпреварувачи.

„На црта“ со триесетина интернационалци помеѓу кои се и натпреварувачите од Estet Twingo Cup и Italian Entry Cup, рамноправно ќе застанат Мартин Делев, Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Емил Нацка, Слободан Трајковски, Иван Стефановски, Владимир Треневски и Мартин Костовски.

На дводневната програма од првото годинешно соочување се предвидени две спринт трки (сабота) како и една трка во издржливост (недела) која ќе трае 4 часа и во која на еден ист автомобил ќе се менуваат возачите.

Се разбира, пред трките на распоред се слободните тренинзи на кои возачите ќе ги бараат сопствените и лимитот на возилата, за потоа да се обидат да постигнат најдобри времиња во квалификациите.

Целата приказна околу Twingo Cup добива еден интернационален шмек, при што на трките во прв план избиваат возачките вештини на натпреварувачите, а Renault е тука да обезбеди идентични Twingo возила за сите учесници.

 

За Renault Twingo CUP

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo  се унифицирани и специјално модифицирани од страна на  Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

За овој куп планирани се 8 трки (4 кружни и 4 ридско-брзински) согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација .

На крајот од секоја сезона за освојување на првите три места се одвоени парични награди, додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило, Renault TWIZY.

Официјалните спонзори на купот се: Аутомотив Груп – официјален импортер на брендот Renault во С.Македонија, ПСС (Power Sport System) Триглав Осигурување, Шпаркасе Лизинг и компанијата Мотул.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт