СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Формула 1 доаѓа во Лас Вегас

 

Соединетите Американски Држави добиваат трета трка на формула 1 – покрај во Тексас и Мајами, најбрзиот циркус ќе продефилира и во Лас Вегас.

Трката ќе се вози низ улиците на „Градот на гревовите“ на патека долга 6,12 километри, составена од 14 свиоци и три големи правци.

Се очекува на најдолгиот од нив болидите да постигнуваат брзина поголема од 340 километри на час, а ќе се возат 50 круга.

Одреден е и провизорниот термин – ноември 2023-та, но бидејќи календарот за идната сезона не е објавен не се знае дали таа ќе замени некој постоечки настан или ќе биде зголемен бројот на трките.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт