СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Ferrari 812 Competizione [2*видео]

 

Ferrari уште минатиот месец ги најави најновите верзии на моделот 812 Superfast, за кои не се знаеше точно какви ќе бидат.

Сега веќе нема непознаници – се работи за ограничени серии на суперболидот на Ferrari чии ознаки кажуваат сé, и повеќе од тоа.

А тие се 812 Competizione и неговата отворена верзија, традиционално наречена Aperta (отворено, во превод од италијански) или скратено 812 Competizione А.

Тука треба да споменеме дека таа не е класичен отворен автомобил – кабриолет или спајдер, туку Targa со отстранлив централен дел од покривот направен од јагленородни влакна.

Овој ултралесен и суперцврст материјал се среќава насекаде во двата модела, најмногу во аеродинамичните додатоци.

Главната разлика во однос на стандардниот 812 Superfast е во изменетиот заден дел со алуминиумски панел и впечатливиот преден спојлер, потоа бочните отвори за воздух зад задните тркала, дифузорот и жолтата лента на горниот дел кај завторената верзија.

Но под сето тоа 812 Competizione има и управување на сите четири тркала, нова верзија на Slide Slip Control динамичкиот систем и седумстепен F1 DCT менувач.

Понатаму, тежината му е намалена за 33 килограми а силината што ја испорачува 6,5 литарскиот V12 мотор зголемена за 30 коњи – на вкупно 830.

И другите технички компоненти на возилото како делови од моторот, тркала, сопирачките и други, се подобрени во согласност со името што го носи.

За крај, место десерт, информацијата дека моторот на 812 Competizione се врти до 9.500 вртежи во минута, но Ferrari не кажа колку луѓе навистина ќе можат да го слушнат додека се зад неговиот управувач, а не ја кажа ниту цената што ќе ја платат.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео