СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Електричниот Fiat 500e одличен на тестовите за стабилност [видео]

 

На тестот „избегнување на лос“ малиот Fiat постигна подобри резултати од многукратко поскапи модели.

Тестот „избегнување на лос“ симулира истрчување на лос на патот (се рабира и на други животни) што од возачот бара нагло менување на правецот, а потоа и брзо враќање на првобитната траекторија.

Неодамна Dacia Spring кој е најевтино електрично возило на европскиот пазар постигна најдобар резултат, изведувајќи го сложениот маневар со брзина од 77 км/ч.

Сега Fiat 500e му се доближи – стандардните тестови ги помина со брзина од 75 км/ч. Притоа стабилноста остана врвна со многу мало наклонување на каросеријата.

Одличниот резултат беше малку неочекуван поради сознанието дека најмалиот електричар на Fiat има помеко подесено подвозје кое многу повеќе внимава на удобноста отколку на стабилноста.

Одличниот резултат покажа дека и спортивставените технички услови можат успешно да се решат со софистицирани решенија.

Инаку, објаснувањето за примерното стабилност на електричните возила при сложените маневри на нагла промена на правецот, првествено се должат на ниското тежиште предизвикано од сместувањето на батериите на самата подница.

Во секоја случај убаво е сознанието дека со возењето на електричен автомобил освен што се придонесува за почиста природа, се добива и одлично управливо возило. Токму како што е Fiat 500e.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот