СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Aiways U6: Кинески купе-SUV со вкус на Ferrari

 

На Кинезите од Aiways им требаше само година дена да го подготват U6ion концептот за производство.

Серискиот модел очекувано наречен U6 во основа е купе верзија на U5, првиот електричен SUV на Aiways.

Од него сепак доста се разликува за што е заслужен поранешниот шеф на дизајнот на Pininfarina Кен Окијама, кој ги има потпишано Ferrari Enzo, Maserati Quattroporte и други легенди.

Малку параметри за него се објавени заради што вестите кои доаѓаат од Кина се повикуваат на 190-коњскиот електромотор од U5 и неговите батерии кои овозможуваат автономија од 400 до 500 километри. Се споменува и трета опција со автономија до 650 километри, а вистинските спецификации ќе ги дознаеме уште летово кога ќе започне неговото производство.

План е Aiways U6 до крајот на годинава да биде понуден и во Европа, најпрво во Германија, Холандија, Белгија, Данска и Франција каде U5 веќе се продава по цена од 39 илјади евра.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот