СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Се сеќавате на Lada Oka? [видео]

 

Русите направија модерен еквивалент на малиот градски автомобил од крајот на осумдесеттите.

Во Москва премиерно беше претставен електричен кросовер кој под ознаката Kama-1 заеднички го развија Kamaz и политехничкиот универзитет во Санкт Петербург.

По димензиите и концепцијата неверојатно потсетува на некогашната Lada Oka, која иако развиена од AvtoVAZ ја произведуваа други фирми, меѓу кои токму и Kamaz.

Има три врати, должина од 3,4 метри, широчина од 1,7 и височина од 1,6 метри и веќе ги помина тестирањата и сертификацијата.

За серискиот модел е предвиден електромотор од 80 киловати кој ќе овозможи максимална брзина од 150 километри на час и забрзување до 100 km/h за 6,7 секунди.

Литиум-јонските батерии со капацитет од 33 kWh се полнат за шест часа и обезбедуваат поминување на 250 километри.

Предвидено е цената на возилото да изнесува од 1 до 1,3 милиони рубљи (11-14 илјади евра), а производството да му започне во 2024 година.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео