СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hennessy Venom F5 може до 500 км/ч

 

Со V8 мотор од 1.842 коњски сили, Venom F5 е првиот сериски автомобил кој ја надминува волшебната бариера од 500 км/ч – еден примерок ќе се продава за 2.1 милиони долари.

Koenigsegg One-1 и Bugatti Chiron се симнати од тронот. Таму од пред некој ден комотно е сместен Venom F5 кој го произведува Калифорниската тјунинг работилница Hennessey Special Vehicles предводена лично од г-дин Џон Хенеси (John Hennessey).

Долгиот пат до тронот е започнат со Hennessey Venom GT прикажан на SEMA 2017, а познавајќи ги споменатите претенденти, ќе трае до некоја нова средба на врвот.

Приказната со волшебните брзини е прилично едноставна. Потребно е да се има потентен мотор, тежината треба да се задржи на што пониско ниво, и можеби најважно, аеродинамиката да не претставува некој значаен „отпор“.

 

Првиот услов Hennessy Venom F5 го обезбедува со централно сместен V-8  twin turbo од 6.6 литри кој при 8.000 вртежи ослободува 1.842 КС, и максимален вртежен момент од 1.617 Nm при 5.500 вртења на коленастото вратило.

При изработката на монокок шасијата своја несебична помош даваат експертите од Британската KS Composites кои помагаат за контролирање на тежината – тежината на монококот изнесува само 87 kg.

За носечките компоненти е употребен алуминиум а речиси целата надворешност е изработена од цврстите и лесни карбонски влакна. Резултатот е импресивен – вкупна тежина од 1.384 kg.

Врвната аеродинамика е услов без кој нема влез во горниот брзински дом. За разлика од концептот Venom GT, серискиот Venom F5 нема масивен заден спојлер. Тој помага за стабилноста но со големиот потисок што го прави на задната оска не дозволува постигнувања на максимални брзини. Отварањето на задното крило во DRS зоните кај болидите од F1 е добар пример.

Ете тоа се трите големи предуслови кои овозможуваат постигнување на волшебни бројки. Но што се случува до постигнување на максималните 500 kmh?

На тоа најдобар одговор ќе дадат тестните пилоти, а обичните смртници ќе мора да се задоволат со бројките. А тие говорат за забрзување до правата стотка од 2,6 – до втората за 4,7, – до третата за 8.4, а до четвртата стотка за 15,5 секунди.

Во спецификите на рекордерот, Hennessy Venom F5 спаѓаат и седум-степенскиот автоматски менувач кој е проектиран со лимитатор на брзината со исклучување на 538 км/ч. Да и тоа, погонот оди само на задната оска.

Од Venom F5, Hennessy планира да произведе лимитирана серија од само 24 примероци кои ќе се продаваат по цена од 2,1 милион долари.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот