СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Peugeot E-5008: простор за седуммина и автономија до 660 км

 

Новиот Peugeot E-5008 поставува нови критериуми во класата нудејќи просотор за седум патници и варијанта која со едно полнење може да прејде до 660 км.

Поставен на новата платформа на Stellantis, STLA Medium, и литиум јонска батерија произведена во Франција, Peugeot E-5008 ги задоволува потребите на клиентите кои бараат голем SUV со стилски дизајн, благопријатна внатрешност и ефикасни електрични перформанси.

За отстранување на сите дилеми околу квалитетот на вградените компоненти, преку својата програма ALLURE CARE,  на E-5008, Peugeot му обезбедува гаранција од 8 години или 160.000 км.

Посветен да стане 100% електричен бренд, Peugeot продолжува да ја шири својата гама за да ги исполни сите очекувања на своите  клиенти.

Новиот E-5008 е единствениот модел во својот сегмент кој нуди 100% електрична мобилност за седум патници, притоа нудејќи исклучително дарежлив и мудро осмислен ентериер. Новиот Peugeot E-5008 во должина брои 4,79 метри, надминувајќи го така Е-3008 за 25 cm.

Со тоа на дело се покажува флексибилноста на новата платформа на Stellantis која во случајов е растегната на 2,90 m. Дарежливото  меѓуоскино растојание обезбедува угостување на седум патници.

Иновативната STLA Medium платформа е дизајнирана да понуди најдобра услуга во својата категорија за најважните критериуми на клиентите: радиус на движење до 660 km и време на полнење (20% до 80%) од само 30 минути.

За придвижување се предвидени еден или пак два електромотори со системска силина од 213 односно 326 КС. Разбирливо, во случајот на два електромотори се обезбедува погон на двете оски.

Енергијата се црпи од батерии со капацитет од 77 kWh во поскромната, или 98 kWh кај покапацитетната верзија. Во засвисност од комбинацијата возилото може да помине 500 односно до цели 680 km.

Покрај целосно електричната верзија во понуда ќе биде и „mild hybrid“ погон кој ќе го придвижува докажаниот трицилиндерски мотор од 1,2 литри и 136 КС.

Новиот Peugeot E-5008 ќе се произведува исклучиво во фабриката во Сошо. Тој е опремен со ACC батерии произведени во гигафабриката во Франција (Дуврин).

И да не заборавиме, Peugeot со моделот E-5008 ги задржува сите свои врвни стилски атрибути.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот