СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Road Show со најбезбедната гама возила

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VolvoRoadShow not found

 

Во организација на „Премиум АГС“ домашниот увозник на Volvo автомобилите, низ централниот дел на државата имавме можност да ги поминеме најбезбедните 100 милји.

Кога на едно место построени ќе видите пет нови автомобили со логото на Volvo, подготвени за демонстрација на врвната технологија со која се обдарени, не може а да не бидете импресионирани.

Поготово ако претходно сте информирани дека до 2020 година швеѓаните имаат зацртано, во сообраќајни незгоди во нивни автомобили бројот на жртви да го сведат на нула. Па дури и да нема потешко повретени патници!

Чисто психолошки, добро е тоа да се знае кога планирате рута низ централниот дел на Македонија, пат кој ве води до Струмица, па потоа преку Дојран назад за Скопје.

За практично уверување во можностите на високата технологија вградени во премиум возила кои на пазарот постојат од 1927 година, шведски прецизно, беа поредени пет модели.

На чело беше носителот на најпрестижната титула, „Автомобил на годината во Европа за 2018“, Volvo XC40. Една бензиска како и една дизел варијанта беа пропратени со SUV-от XC60 кој е за еден број поголем и за една година постар од него.

Најновиот во гамата, караванскиот Volvo V60 беше четврт учесник во караванот, за да петорката се заокружи со лимузинскиот знаменосец, Volvo S90. Велат, навиката на подобро секогаш оди многу бргу. Точно тоа може да се каже и по само неколку изминати километри со XC40.

Иако ова не ни прв пат да се дружиме со него, без разлика на типот на вградениот мотор, точно се гледа зошто овој SUV за кратко време стана вистински хит. Вози лесно и мазно без разлика на квалитетот на коловозот.

Внатрешноста е одлично организирана, изведена со врвни материјали кои меѓусебно се беспрекорно споени. Ваква изработка со пет, можеби шест различни по состав материјали, и тоа во најмалиот SUV (постојат уште и XC60 и XC90), јасно говори за позиционирањето на шведскиот бренд.

За впечатоците од управувањето на караванскиот (Volvo по традиција караваните ги бележи со „V“) ќе се осврнам на посебно посветен тест. За сега само би го истакнал обликот кој е доста храбар и многу поинаков од досегашните „Лего“ коцкички. Сега и без брендовските белезите V60 во море од други модели, ќе можете лесно да го препознаете .

За SUV-от со средна големина, Volvo XC60 може да се истакне фактот што тој е омилен помеѓу странските амбасадори. Зошто е тоа така? Одговорот е прилично едноставен – тој е уникатен? Освен тоа екселенциите акредитирани во нашата земја сакаат и дискреција, но и докажани вредности, без притоа да трчат по развикани брендови со кратка историја.

Знаменосецот го оставаме за крај. Volvo S90 е петметарска лимзуина на која тешко и се конкурира. Врвниот луксуз е искомбиниран со сите расположливи системи за асистенција и безбедност.

На лимзуинската угладеност малку и се спротивставува дизелската тврдоглава природа, но ако е за утеха од идната година Volvo го суспендира дизелот од своите возила. Во сите модели ќе се вградуваат само бензиски или хибридни погони.

Генрално, целата гама која имавме можност да ја возиме при оваа дводневна обиколка низ земјата, се карактеризира со врвен квалитет кој е пропратен со современ дизајн и примена на најсовремени технолошки решенија. Слободно можеме да кажеме дека во моментот Volvo е вистинска алтернатива за германското премиум трио.

За безбедноста нема да говориме – само потсетување дека Volvo е потписник на сите поважни безбедносни системи во историјата на автомобилизмот. Да, и ова, од идната година, максималната брзина на сите модели Volvo, ќе биде електронски ограничена на 180 км/ч.

За крај, дали навистина ги извозевме најбезедните 200 милји во животот? Веројатно е така. Во најмала рака, така ги доживеавме.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг