СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Дилерска експанзија на Kia

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: KiaSalonStrumica not found

 

„Киа Моторс Македонија“, домашниот увозник на возилата Kia, со пригодна свеченост го отвори новиот продажно-сервисен салон во Струмица каде што ќе биде понудена целосна услуга на клинетите.

Нов салонски објект од cca 400 метри квадратни сместен во влезот на Струмица ќе биде уште еден во низата нови центри каде што лубителите на Kia ќе може да добијат комплетни продажно-сервисни услуги.

Како дел од голем деловен комплекс, новиот објект е изграден според сите светски стандарди за продажба на нови возила.

А штом се влезе во него, брендовската црвена боја ќе ви даде до знаење дека сте во храм каде што добивате возила со најголема противредност за вложените пари.

И тоа без разлика дали размислувате за урбаниот Rio, за семејниот компакт Ceed, големата лимузина Optima, спортскиот седан Stinger, или пак за кросоверот Stonic, најдобро продаваниот SUV кај нас Sportage, или можеби за луксузниот Sorento.

Заедничко за овие модели е што без исклучок сите се опремени со бензиски и дизел мотори кои ги исполнуваат надоаѓачките Euro 6d Temp норми, и тоа мерено според новиот WLTP циклус.

Секако дека корејскиот производител сериозно е посветен на еколошкиот аспект па на светскиот пазар веќе е понуден моделот Niro во верзии со погон на електрична или пак хибридна технологија.

Во тој контекст е најавата за пристигнување на хибридна изведба и на нашиот пазар и тоа по цена која ќе биде и повеќе од конкурентна.

Уште една заедничка црта за сите модели е високото ниво на сериски вградена опрема која се нуди уште во влезните модели.

На купувачот му останува, според своите афинитети, да го персонализира возилото бирајќи од листата со бројните додатни опции.

Во неформален состанок првите луѓе на компанијата ни ги открија плановите за понатамошен развој на компанијата. По централата во Скопје и дилерството во Штип, сега веќе и во Струмица, следат отварања уште на два слични центри во Битола и Охрид со што би се заокружила мрежата на сопствени дилерства на Kia во државата.

Во продолжение е фото галерија на атмосферата која владееше при отварањето во Струмица.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг