СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Струја или нафта – што се исплати повеќе

 

Кој погон е поисплатлив за возење? Ги споредивме потрошувачките на електричните возила и дизелите.

Напливот на електрични возила на европските пазари, освен еколошките дилеми, го наметнува прашањето и околу исплатливоста при користењето.

Тоа во нашиот случај е малку комплицирана активност поради сложеноста на пресметките околу потрошената електрична енергија, но сепак на конкретни примери ќе се обидеме да напарвиме компарација помеѓу чинењето на користење на електрично и дизел возило.

Ќе претпоставиме дека во просек едно ел. возило троши околу 17 kWh за поминување на 100 километри. Староста на домашниот парк, ни налага да претпоставиме дека дизел возилата во просек трошат околу 6 литра на 100 км.

Поради отсуството на законска регулиратива за продажба на електричната енергија на јавни полначи, споредбата ќе ја направиме со полнење во индивидуалните живеалишта.

Ако EV го полниме на домашен полнач и тоа при ниска тарифа која чини 1,75 денари по kWh, и на таа сума ги додадеме 2,3 денари за транспорт, добиваме сума од 4,05 ден по kWh. На таа сума треба да се додадат уште 200 денари (на месечно ниво) за пристап на електричната мрежа, и се рабира, уште и 18% ДДВ на вкупниот износ.

Во овој случај за поминување на 100 km ќе ни бидат потребни 17kWh x 4,8ден. односно 81,6 денари.

Ако пак, полниме во време кога важи скапата тарифа, (од четирите, за пример го зимаме третиот тарифен блок), пресметската изнесува 17kWh x 10,85ден = 184,5 денари.

Во исто време нашиот омилен дизел за поминување на истата дистанца би потрошил околу 6 литри, што според сегашната цена (78 ден/литар) би изнесувало 468 денари.

Во случај да користите ел. енергија во најскапата тарифа (за компании), рачунот драматично се менува: 17kWh x 25ден = 425 ден.

Според нашиот домашен есап, односно според моментално важечките цени, математиката е јасна: ако се полни на домашен полнач, возењето на струја чини од 2,5 до 6,8 пати поевтино отколку на нафта.

Работите драматично се менуваат во случај на користење на ел. енергија во најскапиот блок и тоа за индустриски објекти. Во тој случај разликите во чинењето на потрошувачката се во оквир на десетина проценти, добро, сеуште во корист на електричарите.

Оваа компарација околу потрошувачката се однесува исклучиво за погонската енергија, односно само за потрошените количини на струја или нафта. Во случајов воопшто не навлегуваме во останатите трошоци како што се чинењето на возилото, оддржувањето, задржувањето на вредноста, и тн.

Сосотојбата во европските држави многу варира од земја до земја. Како варијабли се јавуваат цената на електричната енергија, начинот на полнење (брзите полначи се поскапи), субвенциие и олеснувањата кои ги даваат државите, локалните заедници или пак самите производители.

Поради сличниот однос на енергенсите, интересен за нас може да е случајот со Хрватска, но таму уште една компонента треба да се земе превид, а тоа е ценовната разлика во случајот на полнење на брзи полначи. Но, тоа кај нас го нема, исто како што нема и законска регулатива за поставување комерцијални полначи.

Кога како држава ќе успеема законски да го уоквириме комерцијалното полнење на EV, ништо чудно на сцена да стапат некои „посебни“ стратегии (интереси) па очигледната разлика во цените на чинење по прејден километар, да доживает ненадеен пресврт.

Се рабира секоја промена на цените на енергенските ќе повлече и адекватни промени во компарациите, но да не заборавиме дека енергијата е светски стратешки производ кој е поставен на паритетни основи.

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг