СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

VW Golf 8: службено претставенa осмата генерација на Golf

 

Новиот Golf доаѓа со дигитализирана контрола на функциите, тој е целосно поврзан со надворешниот свет и притоа е максимално интиуитивен за употреба.

Приказната за Golf започнува 1974 година кога на светот му беше прикажано компактно возило наменето со широка популација, а со ревулуционерна концепција.

Во тоа време конструкторите решија премногу да не мудруваат туку моторот (попречно поставен) и погонот да ги сместат напред, под предната хауба.

Сето тоа го обликува легендарниот Џуџаро веројатно и самиот несвесен дека му дава форма на идната легенда. Таков беше првиот Golf, а со идентична концепција сега пред нас гордо е испарвено осмото поколение.

Помеѓу далечниот предок и едриот потомок стои бројка од неверојатни 35 милиони произведени примероци. Бројот на задоволни купувачи веројатно е помал – причината е едноставна, голем број задоволни клиенти купувале повеќе генерации од истиот модел.

И сега, со така голем минат труд и притисок за задржување на патеката на успехот, пред нас го имаме “голфот“ од осмата генерација. Што има ново, лубопитно ќе прашаат потрошувачите! Интересно е прашањето, но одговорот е прилично очекуван.

Секој нов Golf треба непогрешно да потсетува на својот претхотник. Тоа е рецептот кој успешно функционира веќе 47 години.

Покрај тој принцип треба да функционира и вградувањето на најнова технологија. Ете го одговорот на претходно поставеното прашање.

Во суштина малкумина дизајнери се нафаќаат да нацртат возило кое треба да биде ново до најситниот детал а притоа да не смее да промени ништо од претходникот.

Редот носи да кажеме што точно значи сентенцата, најнова технологија.

Искористена е идентичната MQB платформа за која сега од VW велат дека е целосно дигитализирана. Поинаку, сите параметри на шасијата и потпирањето се контролирани од дигитални уреди. Што се однесува до погонските единици, сите одред користат турбо технологија а силината (на засега понудените опции) им изнесува помеѓу 90 и 150 КС.

Моторите стандардно ги носат ознаките TSI и TDI но нив сега им се придодадени уште TGI (има погон на природен гас) и електрично потпомогнатиот eTSI mild hybrid.

Kaj TDI моторите новина е воведувањето на технологијата со двојно дозирање на AdBlue со помош на два SCR катализатори.

Со тоа се постигнува намалување на емисијата на азотни оксиди (NOx) до 80%, со истовремено намалување на потрошувачката и до 17% во споредба со TDI моторите од претходната генерација.

Сепак како најголем промотор на новините се истакнува дигитализираната внатрешност. И во основната конфигурација се нуди целосно дигитална табла со инструменти на која во повисокото ниво на опрема и е придружен уште еден екран од мултимедијалниот систем.

За очекување е просторната понудата да биде во рамки на тоа што сите 7 претходни генерации го нудеа во свое време – доволен простор за до пет патници.

Описот на стандардната безбедносна и конективна опрема вградена во новиот Golf ќе не однесе на полето на набројување на дузина системи кои за крајна цел имаат пасивна и активна заштита на патниците и останатите учесници во сообраќајот. Доволно ќе биде да кажеме само дека ова е технолошки најнапредниот Golf воопшто.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Porsche Macedonia

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг