СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Rolls-Royce Ghost: Кога раскошот не е доволен (видео)

Rolls-Royce го обнови најпопуларниот модел во својата 116-годишна историја.

Дури и најмалиот Rolls-Royce е повеќе од автомобил. Нормално, бидејќи е Rolls-Royce.

Така за производите на британската марка велат сите, освен самите тие. Затоа и без лажна скромност ја лансираа втората генерација на Ghost како израз на „Post Opulent“ филозофијата.

Во превод тоа значи супермодерен автомобил со благи примеси на конзервативноста во пристапот и посебно дизајнот.

Најглавната измена е платформата, која не е повеќе од серијата 7 на BMW туку од Phantom.

Тоа значи многу алуминиум и погонски и управувани четири тркала. Нив ги задвижува познатиот 6,75 литарски V12 твин-турбо мотор со 571 KS и 850 Nm.

Познати се и автоматскиот ZF менувач кој инструкциите во кој од осумте степени да вози ги добива од системот за навигација во зависност од конфигурацијата на теренот.

За максимална удобност него го следат камери кои го подесуваат воздушното ослонување во зависност од квалитетот на патот непосредно пред возилото.

 

 

Затоа и Британците велат дека патувањето се чувствува бесшумно во сега поголемата кабина, во која се влегува преку автоматските врати.

За тоа придонесуваат и дополнително полираните канали за вентилација и стоте килограми материјал употребен за беспрекорна звучна изолација.

Сето тоа и уште многу што друго треба да ја оправдаат цената од 208.000 фунти.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео