СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Mercedes S-класа: Новиот крал седна на автомобилскиот престол (видео)

После бројните најави и шпионски фотографии, Mercedes-Benz ги откри сите тајни на новата генерација на S-класата.

Она што не беше тајна е дека овој модел е најнапредниот што Mercedes го има направено, било кога.

Сепак при опишувањето треба да тргнеме од бројките кои велат дека S-класата сега нарасна на 5.179, односно на 5.289 mm во изведбата со продолжено меѓуоскино растојание.

Но, елегантниот дизајн кој се карактеризира со впечатливите ЛЕД светла напред и меко обликуваниот заден дел, вешто го крие тоа.

Скриени се и рачките на вратите како и цела низа сензори, камери и радари кои се наоѓаат во токму заради тоа малку предимензионираната маска.

Под поклопецот на моторот на почеток ќе се најдат само неколку агрегати – бензинци со 367 и 435 KS и дизели со 286 и 330 KS, сите спарени со 9-степена автоматика и освен послабиот дизел со погон на сите тркала.

За подоцна е најавена плаг-ин хибридна изведба со 510 KS и електрична автономија од околу 100 километри. Внатрешноста, се разбира, е полна луксуз и нови технологии, а цената засега е премолчена.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео