Минатиот петок (22.11) На патеката во Серес се возеа двете последни трки од Renult Twingo Cup.
На првата трка триумфираше Слободан Трајковски, пред Делев и Давид Малинковски, кој пак на втората трка се искачи на највисокото место на подиумот.
Во втората трка на второ место финишираше Трајковски, додека на подиумот имаше место и за Иван Стефановски.
Oткако сезоната заврши со двете трки во Серес, Грција на првото издание на Twingo Cup 2019, во збирниот поредок Мартин Делев ја освои шампионската титула.
Делев заслужено дојде до шампионскиот трофеј откако сезонава, од вкупно извозените седум, триумфираше на дури четири трки.
Премиерната сезона во Twingo Cup, судејќи според покажаниот интерес на публиката, мина одлично, а Македонија покажа дека има фантастични натпреварувачи но и капацитет да организира натпревари од овој формат.
РЕЗУЛТАТИ ПРВА ТРКА СЕРЕС
1. Слободан Трајковски 29:24,297 минути
2. Мартин Делев 29:26,248
3. Давид Малинковски 29:27,248
4. Иван Стефановски 29:31,792
5. Емил Нацка 29:32,174
6. Владимир Тренески 29:33,864
7. Ангелче Стојковски 31:00,153
8. Ненад Костовски 31:01,689
РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ТРКА СЕРЕС
1. Давид Малинковски 28:40,138 минути
2. Слободан Трајковски 28:45,495
3. Иван Стефановски 28:47,096
4. Мартин Делев 28:50,992
5. Владимир Тренески 28:54,347
6. Емил Нацка 29:25,222
7. Ненад Костовски 30:26, 741
*Ангелче Стојковски не стартуваше
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (КОНЕЧЕН)
1. Мартин Делев 58 бодови
2. Давид Малинковски 50
3. Слободан Трајковски 47
4. Емил Нацка 38
5. Иван Стефановски 20
6. Ангелче Стојковски 15
7. Владимир Тренески 11
8. Ненад Костовски 10
9. Томислав Трајковски 8
10. Сашо Кочевски 5
11. Никола Тоневски 2