СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Porsche Driving Experience: Славеничко дружење со коњаницата на Porsche

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: PorscheMK not found

 

По повод 70 години од постоењето на Porsche брендот, домашниот увозник организира импресивно дружење со ударните модели на гамата.

Убаво поредени, токму како што се очекува од производителот од Цуфенхсузен, на нас чекаа шест уредно брендирани модели со значката на Porsche.

Самата појава на целата гама на еден од најспортските брендови во светот, кај присутните предизвикува стравопочит.

Стравот доаѓа како нормална последица од соочувањето со најновата спортска технологија, а почитта од беспрекорните спортисти кои веќе седум децении излегуваат од малото гратче во близина на Штудгард.

Добро, емоциите се тука, возилата исто така, и возбудливото дружење може да започне. Претходно, фабричкиот инструктор ни објаснува дека рутата не води до Кавадарци и посета на винаријата Тиквеш. Попатно ќе застануваме поради промена на возилата – мора да ги почуствувате сите модели и нивните специфики, лубезно ни објаснува органзаторот.

Едвај чекаме да седнеме зад управувачот на првиот модел (Cayman GTS) кој како најмал од браќата ја предводи колоната.

Се редат моделите, седиме на возачко па на сувазачко седиште при што некако успеваме да ги прочитаме основните карактеристики напишани на посебни листови.

Не дека не догледуваме добро туку возачот по правило силно притиска на папучата за гас па инерцијалните сили си го прават своето.

Стигнуваме во винаријата Тиквеш, добрата вест беше дека не чека ручек со специјалитети од нивниот ресторан. Лошата вест гласеше дека протоколот превидува „No alcohol“. У винарија со вина кои се извезуваат во преку 100 земји да пиете само вода, е најблаго речено – ерес.

Тешко го прифаќаме тој факт. Самата помисла дека повторно ќе седнеме зад управувачот на некој модел што сеуште не сме го возеле, ја оправдува непопуланата одлука на организаторот.

Продолжуваме кон Скопје. Нема меѓусебни претекнувања. И добро е што е така, овие возила се толку моќни и суверени што во пракса ја потврдуваат теоријата за релативност на брзината. Цело време не следи силен ветер кој исто така ита кон Скопје. Стигнуваме петнаесетина минути пред него. Ги раздолжуваме возилата од импресивниот караван, свесни дека ги возевме спортските автомобили кои се сон на секој вистински автомобилски фан.

Во продолжение даваме краток технички опис и наши импресии за моелите од Porsche-караванот.

 

Cayman GTS

Најмалиот модел на Porsche има централно сместен турбо бензиски боксер мотор со четири цилиндри. Максималната силина од 365 КС преку автоматски (PDK ) менувач со седум степени се пренесува само на задната оска.

Вкупната тежина од 1.405 kg може да забрза до крајна брзина од 290 км/ч.

При возење: Не можеме да се отргнеме од впечатокот дека и најмалиот модел е за цело копје пред најспортските изведеници од сериските компакти.

Импресионира со стабилност при повисоки брзини и во комбинација со безбедносната опрема претставува одличен избор за купувачите кои го прават првиот вистински чекор во светот на спортските супер автомобили.

Технички специфики

Зафатнина на моторот ………….. 2.497 ccm

Силина………………………… 269 / 365  kW / КС

Максимална брзина ……………….. 290 км/ч

Забрзување од 0-100 км/ч ………… 4.3 секунди

Менувач  PDK …………………………. 7 степени

 

911 Carrera S

Прославениот „елфер“ претставен 1964 година, и денес е носител на основната идеја на г-дин Фердинант.

Во 911 Carrera S се вградува шесцилиндерски боксер мотор за чие полнење се задолжени два турбо компресори.

Класичната поставеност налага надолжно поставување на моторот на задната оска. Огромниот вртежен момент од 500 Nm овозможува забрзување од 4.1 секунда и максимум на брзината кој ја надминува третата стотка.

При возење: Огромнио потенцијал на моторот овозможува чувство на владеење со возилото при секакви ситуации. Карактеристичното седење и организираноста на просторот даваат до заење дека со ова Porsche може да се планираат и подолги патување.

Поготово ако се избере основниот сетинг при што управувањето, одзивот на папучата за гас и потпирањето, се однесуваат многу пријателски спрема патниците. Другата страна на карактерот говори за спортски искуства кои бараат цврста и решителна рака. Впечатокот за целосно владеење со возилото ќе ве прати при сите патни услови.

Технички специфики

Зафатнина на моторот ………….. 2.981 ccm

Силина ………………………… 309 / 420  kW / КС

Максимална брзина ……………….. 308 км/ч

Забрзување од 0-100 км/ч ………… 4.1 секунди

Менувач  PDK ………………………… 7 степени

 

911 Turbo S Black

Релативно големиот шестцилиндричен боксер мотор со зафатнина од 3.8 литри потпомогнат со два турбо полначи е вистинска енергана која ослободува 580 КС и момент од 750 Nm!

Дваесет инчните тркала со широчина 245 (напред) и 305 mm (на задната оска) задолжени се за заеднички пренос на силината. Од четирите расположливи сетирања, опцијата Sport+ се користи само на тркачка патека.

И без таа можност возилото претставува таков збир на технолошки достигнувања со кое може да се споредува само понекој конкурент со бикче или коњче на носот.

При возење: Ако се бара совршената комбинација на моќност, возливост, перформанси и имиџ, тоа бездруго е 911-ка која носи наставка Turbo S. Како за илустрација нека полсужат податоците за забрзувањето кои трае под три секунди и можноста при само 2.000 вртежи на моторот мирно да се крстари со брзина од 200 км/ч. Перфекција? Не, ама многу близу до тоа!

Технички специфики

Зафатнина на моторот ………….. 3.800 ccm

Силина ………………………… 427 / 580  kW / КС

Максимална брзина ………………. 330 км/ч

Забрзување од 0-100 км/ч ……….. 2.9 секунди

Менувач  PDK ……………………….. 7 степени

 

Panamera ST Rurbo S E-Hybrid

Panamera е големата лимузина на Porsche која се протега преку пет метра (505 cm) и која отстапува од основната концепција поради четирите врати и неможноста за вградување на моторот во задниот дел.

И покрај тоа спортските карактеристики воопшто не се занемарени, напротив. V8 моторот вграден напред надолжно е потпомогнат со два турбо полначи па затоа не чуди максималната силина од 550 КС.

Кога на тоа ќе се надогради и хибридниот погон со електромотор од 100 kW се добива заедничка силина од големи 680 КС. Оттука не треба да изненадува податокот кој говори за максимална брзина од 310 км/ч, иако возилото тежи 2.325 kg.

При возење: Panamera е голема лимузина. Тој факт одлично го чувствуваат и патниците на комотната задна клупа. Погонот на сите тркала како и електричната помош од хибридниот систем овозможуваат вистинси спортски искуства. Што е уште поважно, освен спортскиот карактер, лимзуината пружа одличен комфор на сите патнички позиции. Во овој сегмент Panamera е практично без конкуренција.

Технички специфики

Зафатнина на моторот ………….. 3.996 ccm,

Eлектромотор ………………….…… 100 kW

Силина………………………… 404 / 550  kW / КС (+ 100 kW) = 680 КС

Максимална брзина ……………….. 310 км/ч

Забрзување од 0-100 км/ч ………… 3.4 секунди

Менувач  PDK ………………………… 8 степени

 

Macan Turbo

Помалиот SUV на Porsche во 4.7 метри должина успева да спакува V6 BiTurbo мотор со силина од 440 КС, погон на сите тркала и место за пет патници.

Притоа обезбедувајќи и повеќе од пристојни перформанси: Vmax=272 км/ч и забрзување од 4.4 секунди. Во него производителот успева да ги обедини спортските перформанси со проодноста и флексибилноста својствена за еден семеен SUV.

При возење: Слободно можеме да кажеме дека ова е помал брат на Cayenne. Но внимавајте, тоа важи само за димензиите. Ако говориме за содржината и капацитетите Macan Turbo во сите сегменти е чистокрвен Porsche.

Имресионира неговата динамика дури и при возење на нашите „автопатишта“ при што брзото поминување низ нерамнините воопшто не го возбудува возилото. Вградените системи и капацитениот построј великодушно ќе ги простат и возачките погрешни проценки.

Технички специфики

Зафатнина на моторот ………….. 3.604 ccm

Силина ………………………… 324 / 440  kW / КС

Максимална брзина ……………….. 272 км/ч

Забрзување од 0-100 км/ч ………… 4.4 секунди

Менувач  PDK …………………………. 7 степени

 

Cayenne S

Со Cayenne беше отворена класата на големи спортско-луксузни SUV возила. Варијантата „S“ ја придвижува V6 надолжно сместен турбо мотор кој произведува 440 КС способни тежината од преку 2 тона да ја забрзаат до максимални 265 км/ч.

Во вкупна должина од 492 cm има распоредено пет рамноправни седишта и багажен простор од 770 литри.

При возење: Се чини дека со Cayenne има најмалку изненадувања. Перфектната технологија заедно со (пре)богатата опрема го исполнуваат точно тоа што од него го очекуваат клиентите со префинет вкус. Спортски динамичен и семејно употреблив би бил сосема доволен опис за квалитетите поради кои големиот SUV стекна глобална слава.

Технички специфики

Зафатнина на моторот ………….. 2.894 ccm

Силина ………………………… 324 / 440  kW/КС

Максимална брзина ………………. 265 км/ч

Забрзување од 0-100 км/ч ……….. 5.2 секунди

Менувач  Tiptronic …………………… 8 степени

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг