СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Opel Crossland: Кросоверот доби ново лице

 

„Opel Vizor” е современото лице на опеловите возила со кое сега се закити и градскиот кросовер, Crossland.

На Opel очигледно одлично му оди со паралелната понуда на два градски кросовери. Некои ја преферираат Mokka додека на останатите подраг им е Crossland.

Иако конструирани со многу идентични компоненти, сепак карактерот им се разликува во многу црти.

А ако се суди според пазарните симпатии јасно е дека никој не се жали на таквата моделска политика на Opel.

Во визуелниот дел сега разликите помеѓу двата модела треба да се бараат надвор од „фацата“ односно секаде освен во изгледот на предниот дел.

Првично промовиран кај Mokka новиот визуелен идентитет, сега веќе општо познат како „Opel Vizor”, постепено ќе го добиваат новите модели на марката.

Новиот изглед на Crossland делува свежо и оригинално, и како што претендира и самото име, целиот преден дел остава впечаток на визир кој визуелно ги интергрира сите елементи на предницата.

Промени има и во задниот дел, пред се тие се уочливи во новата графика на задната светлосна група изведена во LED технологија.

Двобојната каросерија, при што и петата врата е во понаква боја од останатиот дел на каросеријата, го дава неопходниот визуелен ефект, толку карактеристичен за новите модели на марката.

Во внатрешноста се истакнуваат сертифицираните (АGR) седишта кое се развиени во соработка со здравствените институции.

Впечатокот го надополнуваат извонредните ергономски решенија како и варијабилната архитектура на внатрешноста.

Разбирливо, сите бензиски и дизел мотори ги исполнуваат најновите еколошки стандарди, а за прв пат во Crossland се вградува IntelliGrip, систем кој е задолжен за максимална тракција при различни времеснки услови и подлоги.

Сите извршени промени, сосема некарактеристично за моментот кој го живееме, не повлекуваат и зголемување на досегашната малопродажна цена, но таа информација најпрецизно ќе ви ја дадат кај домашниот генерален увозник, Еуроимпекс.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг