СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Прва средба со Kia Sorento

 

Четвртата генерација на Sorento е веќе изложена во салон, а со техничките специфики на новиот SUV-знаменосец на Kia, нé запозна Цветан Андонов, одговорен за прoдукти и логистика во KMM.

Сé до сега Sorento го гледавме само на промотивните материјали. И веднаш ќе кажам, средбата со него е целосно ново искуство – изгледа познато, но појавата импресионира.

Ова е четвртото поколение на моделот кој носи датум на раѓање од 2002 година. Наследниците настапуваа на пазарот 2009, 2014, а најновото остварување е во продажба од 2020-тата.

Веднаш да разјасниме, Sorento е најголемиот SUV на Kia кој се продава на Европскиот пазар, Американците сакаат поголеми возила, па Kia за тамошниот пазар го има подготвено поголемиот брат, Telluride.

Sorento е целосно нов модел, ќе истакне Андонов. „Започнувајќи од продолжената платформа, преку еколошки упристоените мотори кои се веќе електрифицирани, па се до напредните системи за асистенција.

Можеби најважното, Sorento веќе силно чука на портата на премиум SUV возилата од Д-сегментот. На новите естетски решенија применети кај луксузниот седмосед, ќе треба малку да навикнеме, но уверен сум дека овие решенија ќе им се допаднат на најголемиот број лубители на новите и прогресивни облици“ – вели тој.

„Можеби звучи преамбиционо, но внимавајте говориме за Kia која и покрај пандемиските услови, упорно освојува дел по дел од колачот кој до сега беше резервиран само за одбрано друштво на Европски и Јапонски премиум играчи“.

„Уште во основната конфигурација, Sorento ќе се пофали со моќни мотори, нов автоматски 8-DCT менувач со двојна спојка, перманентен погон на сите тркала. По цена која е поставена на почетните 44.500 евра (со дизел мотор и Premium 1 – пакет на опрема) сето тоа и уште цела дузина луксузни додатоци и безбедносни системи им се ставаат на располагање на сите клинети“.

Нé интересира изложениот модел: „Да, тоа е дизел со 202 КС, со ниво на опрема Premium 2. Интересно е проектиран интегралниот погон: вкупно 3 начини за теренско возење и уште 4 други за патни услови, ќе можат да одговорат на спецификите на секој пат и на секој карактер на возење“.

Внатрешноста бездруго ќе биде силен аргумент во пазарниот настап, заклучувам јас по првичните импресии. „Секако, премиум опкружувањето може да се почуствува со секој допир. Информациите и командите се извршуваат преку двата екрани кои сега доаѓаат со големина од 12,5 и 10,5 инчи“.

Прашуваме што од безбедносната опрема е вградена во новиот Sorento. „Погледнете ги нашите модели од пониските категории, и сé ќе ви биде јасно“ – објаснува Андонов.

„Разликата се прави во усовршување на системите кои сега се попрецизни и попрефинети во делувањето, таа посветеност се огледа и до најситниот детал. Ако почнам со набројување, ќе ни бидат потребни многу трпение и концетрација.

Дали мислите дека конструкторите на Kia би штеделе на нешто што го имаат и упола поевтините модели, покажувајќи со самоувереност кон XCeed“- вели Андонов.

Излегувам од салонот на Kia со измешани чувства. Имено, јас сеуште употребувам Sorento од првата генерација, (патем, одлично ме служи) а каде тоа отишол сега технолошкиот внук на мојот примерок!

Да, и Kia не е таа што беше, сега силно чука на портите зад кои царува друштвото на премиум возила.

Уште дузина технички специјалитети ни останаа некажани, но тоа не прави никаква разлика, појдете до салонот на Киа Моторс Македонија, таму подробно ќе ве запознаат со сите специфики на новиот Kia Sorento.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг