СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Lynk & Co 03 Cyan: Тркач по кинеска рецептура

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: LinkKo03Cyan not found

 

Новооснованата кинеска компанија за урбана мобилност,  Lynk & Co ги здружи силите со Cyan Racing во намера да се направи конкурентен натпреварувач во светскиот TCR-шампионат.

Кинеската автомобилска компанија која е во тесна технолошка врска со Volvo – сопственик на двата бренда е Geely – настапот на европските пазари сака да го зачини со спортски изведби на своите сериски модели.

Тоа е најдобар начин да им се покаже на староседелците во TCR (Touring Car Racing) шамионатот Audi, Alfa Romeo, Honda, Hyundai, Peugeot, Seat и Volkswagen, дека и тие имаат (шведско-кинески) коњи за трка.

За таа намена воспостваена е соработка со Cyan Racing, шведска комапнија со две децениско искуство во тркачкиот спорт која треба серискиот патен модел да го доведе до конкурентно натпреварувачко ниво.

“Како тркачки тим, нашата амбиција е да го вратиме светскиот наслов и да ги истражиме новите модалитети на изведба на сериските автомобили заедно со Lynk & Co.

Ќе го искористиме искуството од минатите перформансни патни автомобили во комбинација со огромниот број податоци што ќе ги добиеме од тркачката програма, преку илјадници и илјадници извозени кругови на тркачкото возило низ патеките од целиот свет и во екстремни услови”, рече Кристијан Дал, извршен директор на Cyan Racing.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV