СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Porsche Taycan: Порше ја започна новата електрична ера

 

Во производството на целосно електричниот Taycan, Porsche инвестира шест милијарди евра, вработува нови 1.200 работници кои ќе работат во погоните кои се опишуваат како „фабрика во фабрика“, и ги ангажира врвните експерти од областа.

Во тек е четвртата автомобилска револуција која го означува почетокот на технологиите кои обезбедуваат нулта емисија на штетни гасови.

Со актуелната електрификација се занимаваат дословно сите производители. Од друга страна, кај производилтелите на супер спортските возила оваа тема има посебна тежина. Никој од нив не е подготвен да го компромитира стекнатиот имиџ во кој е вложен трудот на цели генерации.

Најмалку би можело тоа да си го дозволи производител од калибарот на еден Porsche. Токму перформансите и развивањето на одржливи технологии се основните причини за „малку задоцнето“ влегување на култниот производител од Цуфенхаузен во потполна електрификација на некој модел.

Taycan, првиот модел кој ги исполнува високите очекувања на Porsche веќе се симнува од монтажните ленти. Но плановите со иднината на возилата кои ќе се движат само на електрична енергија се многу по храбри.

„Ние предвидуваме дека над 50 проценти од моделите на Porsche, испорачани од 2025 година, ќе бидат целосно електрични возила”, вели Лутц Мешке, заменик председател на Извршниот одбор во Porsche.

Процесот на производство на Taycan е јаглеродно неутрален, со цел во блиска иднина да се  оформи целосна нова производна линија која нема да има никакво негативно влијание врз животната средина.

Меѓусебната соработка на разните оддели на Porsche во случајов значат воспостваување на тесни релации помеѓу мотоспортот и сериското производство.

Идентично како и Porsche 919 Hybrid, Taycan ќе се напојува со иновативна 800-волтна технологија. Ова е една од најважните одлуки за 919, бидејќи високото ниво на напон гарантира ефикасност на целиот систем: од батеријата, преку нивниот облик, електрониката и електро моторите, па сè до капацитетот и процесот за полнење.

Во случајот на Taycan ова значи дека 800 V архитектура во возилото гарантира полнење на литиум-јонската батерија за само четири минути. Овој податок ги урива сите предрасуди за електричните возила и отвара нови по розови перспективи за развојот на електричната мобилност.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV