СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Новата Skoda Scala влегува во Golf класата

 

Пред крајот на годината Skoda ќе го замени моделот Rapid со целосно новата Scala која влегува во Ц-сегментот каде неприкосновно владее VW Golf.

Дали е на повидок брендо-убивствена војна во рамки на групацијата Volkswagen? Skoda која до сега во широк лак избегнуваше да произведе хечбек од Ц-сегментот конечно реши да го замени седанот (и караванот) Rapid со целосно нов хечбек, Scala.

Skoda Scala, која ќе бие претставена пред крајот на годината, на штотуку завршениот Paris Motor Show 2018, беше најавена со концептот Vision RS.

Новата компактна Skoda ќе биде изградена околу продолжена верзија на MQB A0 платформата која изворно беше развиена за помалите корпорациски модели, Seat Ibiza и VW T-Roc.

Меѓуоскиното растојание од 2.645 mm која е за 20 mm подолга од актуелниот Golf 7 гарантира доволно простор на сите седечки позиции.

За идниот конкурент на Golf, Focus, Ceed, Megane, i30 и останатите староседелци, се обезбедени најновите групациски мотори. Тука пред сé се мисли на трицилиндерскиот 1.0 со 85 и 110 КС како и 1.5 литарската пропулзија со 150 КС.

Секако дека свое место под хаубата ќе најде и докажаниот, но сега еколошки упристоен, 1.6 литарски дизел а за очекување е и вградување на бензиски микро-хибрид со 48 волтна инсталација во која ќе биде вклучен и уред стартер-генератор покренуван со ремен.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV