СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Техника

Honda прикажа нов модул на горивни ќелии

 

На „2023 European Hydrogen Week“ во Брисел Honda прикажа нова генерација на модул за горивни ќелии.

Развиен во соработка со General Motors, новиот модул првпат беше прикажан годинава на автосалонот во Токио, а веќе е потврден за сериска употреба во САД.

Honda веќе го потврди овој еколошки систем за употреба на енергија во Европа, кој комбинира обновливи извори на енергија со водород.

Ова е прв пат Honda да најави проширување на примената, вклучително и за патнички автомобили, комерцијални возила, градежна опрема и стационарни системи за производство на електрична енергија.

Подобрувањата во однос на претходните системи со горивни ќелии вклучуваат компактни димензии, како и скратено време на стартување – дури и при ниски температури,

Овој систем ќе дебитира во САД во верзија на Honda CR-V – која треба да се произведува во Охајо почнувајќи од 2024 година. Водородниот CR-V е наследник на Clarity Fuel Cell, кој беше претставен во 2017 година.

Системот од следната генерација, исто така, треба да најде свое место и во товарниот програм на Isuzu.

Двете компании планираат да започнат со вградување во прототип на камион со горивни ќелии кој треба да се појави до крајот на март, а серискиот модел се очекува во 2027 година.

General Motors, партнерот на Honda, исто така, ги нагласи плановите за ставање на горивни ќелии во комерцијалниот програм, соработувајќи со производителот на камиони Navistar.

Но, за разлика од Honda, GM се огради од идејата за користење на технологијата на горивни ќелии во патничките автомобили.

Да се потсетиме, на таа проблематика американскиот производител работеше со децении.

Honda е вклучена и во проект кој ги истражува можностите за внатрешно согорување на водород, особено за примена кај мотоциклите.

Овде се работи за едноставно согорување на водород во мотор со внатрешно согорување, наместо фосилни горива, додека горивните ќелии користат водород за генерирање електрична енергија за напојува на електричните мотори.

Без разлика дали се работи за горивни ќелии или согорување на водород, ограничената достапност на водородот и понатаму останува најголемата пречка.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Техника