СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Техника

Deutz TCG 7.8 H2: Мотор на водород оди во серија

 

Deutz AG разви шестцилиндарски мотор, TCG 7.8 H2, кој наместо нафта директно согорува водород. Погонската единица треба да влезе во сериско производство во втората половина на идната година.

Со моторот TCG 7.8 H2, Deutz AG (Келн, Германија) претставува возбудлив концепт подготвен за сериско производство кој ќе користи водород како погонско гориво.

Ова значи дека новиот мотор, кој го познаваме од 2021 година како дизел, веќе е подготвен за сериско вградување во стопанските возила.

Треба да се истакне суштинската разлика која постои помеѓу тнр возила со „горивни ќелии“ кои исто така користат водород, но само како „гориво“ за производтство на електрична енерегија.

Шестцилиндерскиот мотор од Deutz AG го исполнува основниот услов за нулта емисија на CO2 поставена од ЕУ.

Компанијата од Келн нагласува дека моторот не само што работи CO2-неутрално, туку при работата е многу тивок и мирен, а првично ќе располага со моќност до 200 kW (272 КС).

TCG 7.8 H2, кој се базира на постоечки концепт на мотор, треба да се користи во сите апликации понудени од Deutz AG во втората половина на 2024 година.

Првично, фокусот е на стационарни системи и генератори, како и на железнички транспорт, но лесно може да се претпостави дека ќе може да се користи во комерцијални и работни возила.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Техника