СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Техника

Weichai Power разви дизел мотор со рекордна термичка ефикасност од 53,09%

 

За прв пат претставен пред 127 години, дизел моторот стигна до степен на искористеност на термичката енергија од 53%.

Дизелот е прогласен за мртов. Никој веќе не вложува во развој на моторите што трошат нафта.

За среќа оваа констатација важи само за дизелите наменети за патничките автомобили.

Широк спектар на товарни возила, потоа на работни машини, бродови и агрегати, сеуште немаат друга опција освен погон на дизелски агрегати.

Водени од таа идеја, кинеската компанија Weichai Power упорно работи на зголемување на ефикасноста на дизел моторите.

Резултатот е тука: термичка ефикасност од 53,03 %. Машината е прикажана на 2024 World Congress on Internal Combustion Engines оддржан во Тианџин, Кина.

Рекордниот резултат е потврден од China Automotive Technology & Research Center, професионално тело зa тестирање на кинеските мотори со внатрешно согорување, како и од германскиот TÜV SÜD.

Развојот на овој мотор е започнат 2015 година а првите резултати испорачани 2020 година, тогаш беше постигнат рекорд од 50,23%. После две години летвичката на ефикасноста беше подигната на 51,09%, да при крајот на истата година бидат постигнати 52,28%.

Беа потребни 500 денови напорна работа на повеќе илјади инженери и соработка со повеќе светски универзитети за сега Weichai Power да го надмине сопствениот рекорд, со термичка ефикасност од 53,09%.

Одговорните од компанијата ја опишуваат сопствената работа како, спринтери на 100 метри кои треба да ја истрчаат делницата за пократко од 9 секунди.

Притоа посебно внимание е посветено на 4 фатори: согорување, всисување на воздухот, дистрибуција на горивото и намалување на триењето.

За да се пристигне до целта патентирани се 176 иновации и 68 патенти применети на самиот мотор.

За димензиите на напредокот и повеќегодишниот труд на шестцилиндарскиот линиски дизел говори податок дека во 2015 година е започнато со ефикасност од 45-46% за после 9 години посветена работа се стигне до сегашните 53,09%.

Лаички гледано овој развој може да се опише како микро-чекори при брз спринт, но кога ќе се погледне количината на заштеда на горивото, кое пак директно влијае на намалувањето на штетните емисии, тогаш може да се согледаат вистинските размери на постигнатите резултати.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Техника