СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Alieno Arcanum: Струја низ вените на најбрзиот хипер спортски автомобил

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: AlienoArcanum not found

 

Alieno Arcanum е електричен хипер спортски автомобил со максимални 5.221 КС (!) кој ни доаѓа од нашето непосредно соседство.

Неодамна првите луѓе на Lamborghini изјавија дека компанијата во моментов не е подготвена за изработка на целосно електричен автомобил.

Но со таква констатација воопшто не се сложува Ахмед Марчев кој е основач и CEO и главен проектант на бугарската стартап компанија, Alieno која има амбиции да ја проектира електричната автомобилската иднина.

Првиот проект на комапнијата, Arcanum е во фаза на концепт но книгата со порачки е веќе отворена па првите испораки се очекуваат во период помеѓу 18 до 30 месеци, сé во зависност од спецификите на порачаниот примерок.

Електричниот хипер спортист се нуди во четири изведби на моќност, од најслабата со 2.610 КС, преку верзиите со 3.482 и 4.351 КС, па се до знаменосецот од неверојанти 5.221 КС. Забрзувањата на поединечните варијанти не се соопштени но се знае дека најсилната изведба е способна да постигне максимална брзина од 488 км/ч (!).

Оригиналноста на Alieno Arcanum се огледа во примената на иновативни технолошки решенија. Во секоја случај говориме за „директ драјв“ пренос кој на секое тркало пренесува силина продуцирана од по 6 електромотори.

Секој од вкупно 24-те мотори може посебно да се менаџира со што се обезбедува максимална тракција. Инаку, моторите се трофазни, со перманентни магнети и се поставени аксијално.

Потребната електрична енергија се обезбедува преку сетови на литиум-полимерни батерии со капацитет од 60 (за најсабата) па се до 180 kWh за врвниот модел.

За ефикасното користење на расположливата енергија говори податокот за максималната автономија од цели 1.020 км која ја постигнува знаменосецот.

Во понатамошниот преглед на механичките компоненти преовладува зборот Robotic, кој се користи како асоцијација за технологија на иднината која е веќе достапна за пошироката публика.

Заинтересираните фанови кои ќе посакаат да поседуваат примерок од Alieno Arcanum, за најслабиот модел ќе треба да издвојат 750к евра додека за верзијата со 5.221 КС двојно повеќе.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот