СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Citroen C5 Aircross: Француска SUV офанзива

 

Комапктниот SUV на Citroen на европскиот пазар доаѓа со оргинален дизајн моторна палета со силина помеѓу 130 и 180 КС и наново обработено потпирање карактеристично само за французите со двоен шеврон на хаубата.

PSA групацијата (Peugeot, Citroen, DS, Opel) на време се качи на возот во кого веќе се раскомотени производителите со богата SUV понуда.

Додека на кинезите веќе сериски им се нудат C5 Aircross и C7 Aircross, европските купувачи уживаат во техничките благодети на C3 Aircross, а од крајот на годината и на неговиот поголем брат.

Всушност, за жал, европскиот клиенти ќе мора да попричекаат на C5 Aircross до почетокот на следната година. Имено, до тогаш ќе треба да се ослободи производен капацитет во француските погони во Рен, каде што ќе се произведува европската верзија.

Иако според применетата технологија можеме да говориме за близнаците, Peugeot 3008 и Opel Grandland X, сепак C5 Aircross е самостоен модел со сите генетски предиспоции својствени само за Citroen.

Освен карактеристичниот дизајн тука првенствено мислиме на креативната интерпретација на новите технологии, и секако, на хидрауличното потпирање кое сега е наречено Citroën Advanced Comfort.

Тој момент како да не бил доволен па конструкторите се потрудиле да вградат и посебни седишта кои додатно го истакнуваат возењето налик на лебдење со „волшебен ќилим“.

Покрај тоа во Citroen C5 Aircross се вградуваат 20 разни системи за асистенција при возење во кои се вклучени и 2 програми за автономно возење.

Секако тука се и шесте системи за конективност во кои помеѓу останатите се вклучени и камерата која е директно поврзана со социјалните мрежи како и можноста за безжично полнење на мобилните уреди.

Недвосмислениот SUV изглед на возилото, кое во должина се протега на 450 cm, се должи на клиренсот од 23 cm но и на тркалата со димензии од 17, 18 и 19 инчи.

Моторната понуда ќе се состои од два бензиски мотори со 130 односно 180 КС додека дизелската дивизија се состои од мотори со BlueHDi технологија со исто така 130 и 180 КС.

Моторот со 130 КС може да биде искомбиниран со мануелец со шест степени или пак со автоматик со 8 степени на пренос. Апсолутната новина која ја носи Citroen C5 Aircross се однесува токму на новиот автоматски менувач кој за прв пат се вградува во модел од групацијата.

Иако засега не е планиран 4 x 4 погон сепак неговата улога ја игра електронската контрола Grip Control чија ефикасност веќе е докажана во останатите модели на групацијата.

На нашиот пазар доаѓањето на C5 Aircross се очекува идната година, а токму во тоа време е предвидено претставувањето и на хибридна изведба на новиот француски SUV.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=HMf_JUmoqvQ&feature=youtu.be[/tube]

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот