СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Четврта победа на Делев во TWINGO CUP

Мартин Делев е победник на петата трка од Twingo Cup која се возеше на кружната патека покрај МРТВ, а која беше посветена на Александар Кочевски.

По пет извозени трки, Мартин Делев се закити со четвртата победа, со која го освои и Скопје.

Делев се искачи на највисокото скалило на подиумот од серијата TWINGO CUP со четвртиот сезонски триумф на петтата трка „Скопје круг 2019“, која вчера (27.10) се возеше пред Македонската Радио Телевизија.

На победничкиот подиум Делев го придружуваа Слободан Трајковски и Емил Нацка, кои завршија на второто, односно третото место.

„Скопје круг 2019“ се возеше во чест на Александар Кочевски, кој ненадејно почина во тек на минатата трка возена во Кичево. Пред одржување на трката, на Кочевски му беше одадена почит од организаторот, колегите како и од сите присутни.

На крајот од секоја сезона победниците, односно за првите три места се предвидени парични награди, додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на TWINGO CUP е 100% електричниот модел, Renault TWIZY.

РЕЗУЛТАТИ
1. Мартин Делев 31:32,148 минути
2. Слободан Трајковски 31:37,735 минути
3. Емил Нацка 31:38,182 минути
4. Давид Малиновски 31:48,443 минути
5. Ангелчо Стојковски 32:43,686 минути
6. Ненад Костовски 32:45,031 минути (+1 круг)
7. Иван Стефановски 27:41,539 минути (+3 круга)

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт