СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Volvo S60 претставен на стручната јавност

Лимузината со средна големина која лани премиерно беше претставена во караванска верзија сега е понудена и како класичен седан.

Кинескиот капитал го препороди шведскиот производител кој моментално ги живее своите златни моменти. Новиот квалитет е препознаен од купувачите па на нарачка на своето ново Volvo клинетите чекаат и по неколку месеци.

Додатна главоболка на планерите задолжени за производство, им создаваат конструкторите кои неприкинато бомбардираат со новитети.

Токму затоа и новиот S60 се произведува во Соединетите Држави, што е извонредно за производителот но и додатно финансиско оптеретување за европските купувачите.

Новите дизајнерски ветрови кои дуваат последниве години во Volvo, далеку зад себе ги оставија четвртастите облици.

Новиот S60 изгледа точно како што се очекува од една современа лимузина со средна големина која благо го наговестува својот спортски карактер. Цела среќа што однадвор не може да се види вградената технологија инаку погледот би бил замаглен од управувачки единици со безброј „нули“ и „единици“.

Ако технолгијата не може да се види, тогаш таа во Volvo S60 може силно да се почуствува.

Во областа на безбедноста швеѓаните важат за основоположници на многу системи, па затоа лесно ќе констатираме дека се што ви е потребно, започнувајќи од автономно сопирање па до асистенции за возење се вградени и во новиот S60.

Ако е тој момент е очекуван, изостанувањето на дизелска понуда се случува по по прв пат во некој модел на Volvo. Алтернативата доаѓа во вид на палета на турбо бензинци со plug-in технологија.

Менаџирањето на располживата силина на бензиските и електромоторите овозможува избор на идеален мод, и тоа во зависност од моменталната потреба.

Избирањето на одредениот мод значи возење само на бензин, работа под хибриден режим при што може да бидат вклучени и двата мотори или пак возење само на електрична енергија.

Најслабиот бензиски мотор располага со 190 КС додека во најсилната хибридна варијаната, Т6 се ослободуваат 390 КС. Цените за новиот Volvo S60 започнуваат од 49.950 евра, а за подетални информации на располагање стои лубезниот персонал на Volvo Cars Macedonia.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг