СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Новата BMW Серија 1 преставена во Скопје

Под слоганот THE 1 AND ONLY во Скопје пристигна новата генерација на BMW Serie 1 кај која за прв пат погонот ќе доаѓа од предните оска.

Откако BMW со своите модели ги пополни сите броеви, наместо традиционалното означување (Serie 1, Serie 2, … ) новите модели започна да ги означува со THE1, THE2, …

Новата номенклатура поготово има смисла кај третата генерација на BMW Serie 1 затоа што за прв кај овој модел, BMW се откажува од погонот на задната оска за сметка на погон на предните тркала.

Oва решение уште од претходно го применија премиум конкурентите, Mercedes Benz (A-Class) и Audi (A3). Кај сите тие модели може да се добие и интегрален погон кој секогаш оди во комбинација со посилните мотори. Сепак, иницијално, погонот е на предната оска со попречно поставен мотор.

Новата архитектура со попречно вградени мотори, носи низа предности но истовремено со давање на предност на предната оска се губи на екслузивноста на моделот.

Се чини дека моментот на прагматичност преовладал кај Баварските планери па тие решиле да понудат поефтино решение кое од друга страна нуди повеќе слобода во креирањето на внатрешниот простор.

Без никаков сомнеж во квалитетот на изведбата и (веројатно) постигнатите подобрувања, сепак мислам дека од преставувањето на Серија 1 веќе во BMW нема толку гласно да се говори за еднаков тежински распоред на двете оски.

Новиот модел, кој веќе е во продажба, се нуди во бензиски и во дизел изведби. Со понудата се опфатени: 118i, 116d, 118d i 120d xDrive.

Во бензинските модели е вгарден трицилиндерски мотор од 1.5 литри и 140 KC, додека моделите опремени со дизел мотори располагаат со силина до 190 KC.

Достапeн само како модел со пет врати, новиот ТHE 1 во должина брои 4.319 mm (-5 mm ), во широчина 1.799 mm (+34 mm), додека пак височината од 1.434 mm е за 13 милиметри поголема од претходникот.

Со 2.670 милиметри, меѓуосовинското растојание е пократко за 20 милиметри од претходникот од втората генерација.

Внимателниот поглед однадвор открива низа современи дизајнерски детали помеѓу кои, нели, незибежните „бубрези“ оставаат најголем впечаток. Внтрешноста само ја потврдува припадноста кон премиум друштвото, со таа разлика што сеуште во ентериерот BMW се држи до својата традиција.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг