СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Сепак вреди да сe вложува во безбедноста

 

Како изгледа кога Toyota Corolla произведена во 2015 ќе се залета во идентичен модел кој е произведен во 1998 година!

Вообичаена практика е на младите возачи да им се купи постаро возило кое ќе им послужи на „децата“ да се испраксираат.

Иако оваа практика е универзална, во Австралија и Нов Зеланд има посебна тежина поради тоа што младите веќе на 16 години се стекнуваат со правото на возачка дозвола.

Убаво сето тоа звучи но, навиката на купување на старо и користено возило со себе носи одредена, не баш мала опасност. И тоа по безбедноста на патниците.

За да покаже на дело што тоа значи, австралиските власти задолжени за безбедност од институтот, ANCAP (Australasian New Car Assessment Program) решија да направат интересен тест за безбедност. Тие директно судрија две Тојота Короли со различен датум на производство.

Постариот примерок е произведен во 1998 година и не поседува воздушни перници (задолжителни се од истата година но нешто покасно) додека поновиот е производ од 2015 и е опремен со безбедносна опрема која се вградува сериски.

Огромната разлика во структурата и опремата резултира со фрапантни разлики. Додека во постариот модел куклата Dummy претрпува тешки удари по главата и екстремитетите, во поновиот модел до израз доаѓа безбедносната опрема која успева да го заштите возачот.

Според добиените резултати постарата Corolla успеа да добие 0.40 додека поновиот модел 12.93 од максималните 16 поени. Инаку ударот е изведен при брзини од 64 км/ч.

Дали после прегледување на видео прилогот ќе се променат навиките на родителите за купување на возило од постар датум? Не ни изгледа дека е баш така. Да, да не заборавиме дека кај нас сеуште сообраќаат возила произведени далеку пред 1998 година.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV