СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Новата Corsa GSi ќе добие турбо мотор од 150 КС

 

Новата Opel Corsa GSi која ќе се појави летово, ќе има 1.4 литарски турбо мотор со 150 КС кој ќе овозможува забрзување од 8.9 секунди и максимална брзина од 207 км/ч.

Беспрекорниот имиџ кој го има најмалиот GSi со опеловата молња на хаубата, од летово ќе блесне со нова технологија која ќе го потврди стекнатиот карактер.

1.4 литарскиот тубро бензинец вграден во капацитетна  OPC шасија значи само едно: спорстки задоволства овозможени од извонредните динамички својства.

Изградена како помал брат на динамичната Insignia GSi, новата Corsa ги исполнува високите динамички очекувања својствени на ознаките кои ги носи.

Освен врвните перформанси – забрзување до сто од 8.9 секунди и максимум поставен на 207 км/ч – турбо бензинецот се одликува и со висок вртежен момент од 220 Nm, факт кој овозможува извонредна еластичност односно одлични меѓузабрзувања.

Кога овие постигнувања ќе се искомбинираат со потрошувачката (комбиниран циклус) која се движи помеѓу 6.2 и 6.3 литри, станува јасно дека „малиот“ Opel има зовриена крв.

Високите перформанси на новата Corsa GSi се совпаѓаат со спортскиот надворешен изглед. Тој има карактеристичен дизајн со големи доводи за воздух, извајана хауба, истакнат заден спојлер и прецизно моделирани странични прагови.

Чувството на спортски стил зрачи и од внатрешноста. Возачот на Corsa GSi седи на опционалното Recaro седиште, а управува преку спортски волан.

Се што треба возачот да направи е, преку рачката за менување обложена со кожа, да го избере степенот на пренос, да ја стави ногата на алуминиумската спортска педала и, …  и да започне чистото задоволство при возењето.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV