СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia Sportage набргу со „благ“ хибриден погон

 

Преработената верзија на Kia Sportage која набргу ќе се појави на пазарот ќе добие хибридна помош која ќе функционира на 48 волти.

Kia Sportge одлично се продава на европскиот пазар. Квалитетот е препознаен па нормално е корејскиот производител понатаму да го развива својот бестселер.

Со благите естетски промени се најавува и технолошка интервенција врз постоечката гама на мотори. Добрата вест е што и понатаму ќе се нудат дизелски агрегати кои ќе бидат придружувани од докажаните бензинци.

За исполнување на претстојните Euro 6d-TEMP еколошки норми, Kia во Sportage ќе вградува „благ“ хибриден погон.

Тој ќе се состои од литиум јонска батерија со капацитет од 0.46 kWh што ќе овозможи 10-киловатниот мотор да допринесе за намалување на потрошувачката норма. Од Kia тврдат дека се работи за заштеда од околу 4%.

Од друга страна, подигнувањето на работниот напон од 12 на 48 волти носи со себе многу бенефити во вид на проток на помали струи и полесни електрични уреди.

Да потсетиме дека за сега на напон од 48 волти работат само електричните инсталации на луксузните Audi A8 и Mercedes S-Class.

За почеток благиот хибрид на Kia, кој ја носи ознаката EcoDynamic+, ќе се вградува во бензиската изведба, потоа ќе дебитира во новиот Ceed за да догодина се употреби и во дизелските верзии.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV