СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Премиерно прикажана новата Opel Astra L

 

Во продажниот центар на Opel Македонија – Еуроимпекс е претставена новата, шеста генерација на Opel Astra. Германскиот компакт се нуди со почетна цена од 21.700 евра.

Во Европа владее голем интерес за новата изведба на Опеловиот компакт кој ја носи службената ознака, Opel Astra L.

Ништо поинаку не е ниту на нашиот пазар. Причината за тоа може да се најде во одличниот имиџ кој досега го градеа минатите пет генерации.

Можеби уште повеќе фактот што новата „ѕвезда“ е навистина целосно нова.

Започнувајќи од механичката основа која прави дисконтинуитет со претходниците, преку моторната понуда па се до менувачките кутии.

Целата конструкција сега се базира на третата еволуција на мултиенергетската EMP2  платформа, која е доработена ос посебно цврсти и лесни легури.

Карактеристика е што (слично како и новиот Peugeot 308) може да понесе бензиски, дизел, хибридни или пак чисто електрични погонски единици.

Со ланското формирање на Stellantis групата се очекува понатамошна примена и во надоаѓачките комапктни модели на целата групација.

Како моторизација, за нашииот пазар се предвидени докажаните мотори на Stellantis кои водат потекло од PSA (Peugeot, Citroen).

Трицилиндерскиот турбо бензинец од 1,2 литри доаѓа со 110 или 130 КС, додека 1,5 дизелот ќе ослободува исто така 130 КС.

Преносот на предните тркала стандардно се одвива преку шест степенска трансмисија, а опциски може тоа да го прави и автоматикот кој има осум преносни односи.

Тука некаде завршува групацискиот и започнува посебниот, германски карактер на новата Astra.

Започнувајќи од обликот со веќе карактеристичната маска на сите нови модели на Opel, преку препознатливите пропорции па се до дизајнот на внатрешноста, сето тоа е чисто германско – проектирано и изведено во Риселсхајм.

Во минималистички – во Opel тоа го нарекуваат детоксикација – изведената внатрешност доминираат двата LCD екрани преку кои едноставно може да се ракува со сите функции.

Можеби уште поважно од обликот е широката палета на безбедносни системи кои германскиот производител ги развива за целата Stellantis група.

LED PIXCEL, INTELLI-AIR, AGR, … се само неколку кратенки кои се поврзуваат со најновата технологија за осветлување, со зголемениот капацитет за прочистување на кабината, со сертифицираните седишта, …

Новата Opel Astra L веќе е понудена во продажаната мрежа на домашниот дистрибутер, почетната цена е поставена на 21.700 евра.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг