СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Toyota bz04X: Првиот што отиде „зад нулата“

 

Преку својот под-бренд „bz“ (beyond zero), Toyota службено го претстави првиот целосно електричен модел, bz04X.

Убаво е кога непосредно ќе сретнете автомобил од највисоката технологија.

Веднаш ве обзема чувство на припадност кон некој напреден свет кој има можности да се бави со тривијалности од иднината.

Ако пак тоа го направи најголемиот светски производител на автомобили, настанот добива уште една димензија – тоа е директен контакт токму со таа иднина.

А иднината на Toyota предвидува до 2030 година да бидат претставени ни помалку ни повеќе туку 30 електрични модели.

Честа прв да го отвори тој возбудлив пат му припадна на Toyota bz04X.

Незграпно избраното име во својот назив го содржи „bz“ (beyond zero) како нов суб-бренд, потоа бројката „04“ како класна (компактен SUV) припадност како и ознаката „X“ кој недвосмислено асоцира на интегрален погон.

Јаснa е намерата на Toyota електричната игра да ја отвори со компактен SUV. Од една страна конструкцијата со подигната подница овозможува лесно вградување на батериите, а од друга страна сеуште е тоа една од најпосакуваните класи.

Техничкиот аспект на bz04X ни открива дека конструкцијата се потпира на eTNGА платформата која е развиена само за батериските електрични возила (BEV).

Во просторот помеѓу оските (одалечени на растојание од 2.850 mm) е сместена литиум јонска батерија со капацитет од 71,4 kWh.

Уникатна е можноста на вградувањето на само еден електромотор со силина од 150 kW (204 КС) кој ги придвижува само предните тркала, која се комбинира со можноста за вградување на два електромотори (по еден на секоја оска) од по 80 kW (109 КС) на двете оски.

Иако во конечница двете варијанти се разликуваат само за 10 kW, рамноправната распределба на силината кај варијантата со два мотора, освен што овозможува теренска проодност, при градски услови има можност за користење на само еден мотор со помала силина. Убава досетка од која профитира економичноста.

Веруваме дека овој пристап веднаш ќе ги замисли останатите производители кои допрва ги подготвуваат своите BEV адути.

Поради карактерот и начинот на користење, кај BEV возилата наменети за широка примена, перформансите не се во преден план.

Од друга страна, стои оптимизирањето на потрошувачката која налага ограничување на максималната брзина.

Кај bz04X максимумот кој може да се постигне изнесува 160 км/ч. Но затоа тука се забрзувањата кои електричарите и тоа како ги можат – 8,4 односно 7,7 секунди кај посилната верзија.

Околу постојаноста на батериите не треба многу да се води грижа затоа што Toyota дава гаранција од 10 години или пак поминување на цели 240 илјади километри.

Во тој период, а при редовна контрола во овластените сервиси, капацитетот на смее да опадне под 90%.

Кога е веќе така да ја споменеме и автономијата која изнесува помеѓу 450 и 500 км со едно полнење. Колкаво растојание ќе биде поминато до повторно полнење зависи од условите и начинот на возење.

Напредна безбедносна опрема поседуваат сите модели на Toyota, па затоа не треба никого да изненади фактот што кај првиот електричар на марката таа е додатно унапредена.

Нови се системите за предупредување при наидување на крстосница, помош за свртување на крстосница, далечинско паркирање на возилото, …

Предноста на електричните возила во организирањето на внатрешниот простор се состои во големото меѓуоскино растојание, а во случајов тоаа е збогатена со употреба на одлични материјали кои згора на тоа можат и да се рециклираат.

Цените на Toyota bz04X започнуваат од 50.990 и се движат до 62.990, а зависат од изборот на двете нивоа на опрема и изборот на погон само на предна или пак на двете оски.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг