СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Казнет оти продавал лубеници на улица (видео)

И тоа го има – турската полиција токму за тоа казнила еден Иранец во Истанбул.

Што точно мислел младиот Иранец со иницијали М.Х.Ф. кој се претставува како блогер, не знаеме, но полицајците доста добро знаеле дека вакво нешто не е дозволено.

Казната од 1.228 турски лири (околу 140 евра) му ја напишале конкретно заради тоа што користел возило за дејствија кои не се наведени во сообраќајната дозвола. Згора на тоа, одземена му е и возачката дозвола на 15 дена.

Сосема јасно – Lamborghini Aventador со својот V12 мотор со 700 коњи кој до 100 km/h го забрзува за помалку од три секунди и долетува до максимални 350 km/h, нималку не е наменет за транспорт на лубеници.

Инаку М.Х.Ф ги продавал лубениците за 5 лири (35 денари) по килограм. Колку успеал да продаде, не успеавме да дознаеме.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео