СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Hyundai Tucson: Драматичен пресврт (видео)

Објавувајќи ги најавните фотографии на новата генерација на Tucson, Корејците го свртеа вниманието кон себе.

Го очекуваме на 14 септември кога ќе ја има својата дигитална премиера, но веќе сега се знае дека ланскиот европски бестселер на Hyundai ќе донесе драматичен пресврт.

Фотографиите што ги објавија Корејците го изненадија цел свет – новиот Tucson ќе има навистина неверојатен изглед.

Нималку сличен на претходникот од кој ќе ја наследи дел од механиката, тој ќе биде првиот модел на марката кој ќе ја има имплементирано новата маска која делува како избрусен дијамант со светла интегрирани во неа.

Задниот дел донесува нова поостра реторика, а и внатрешноста е доста интересна.

Малку поголем и многу технолошки понапреден од сегашната генерација, бројки за него засега нема – ќе мораме да се стрпиме уште десетина дена…

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV