СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Интерна електрична трка во VW групата

Volkswagen започна со пробно производство на ID.4, но Škoda ќе биде првиот бренд од групата кој ќе има електричен SUV.

После објавувањето на скиците од Enyaq кој ќе биде претставен за десетина дена, од Škoda пристигнаа интересни најави.

Имено, чешкиот бренд ќе биде прв од групата кој ќе истрча на теренот со електричен SUV, три недели пред VW и неговиот ID.4.

И двата модела ќе ја имаат истата модуларна електрична архитектура, но ќе се произведуваат во различни фабрики – Enyaq во Млада Болеслава, а ID.4 во Цвикау.

Почетокот на редовното производство им е закажано за крајот на годинава, а на пазарот ќе пристигнат на почетокот на идната.

Иако механички исти, ќе се разликуваат по многу други работи. Пред сé во дизајнот – моделот на Škoda ќе има пократок преден дел и продолжена линија на покривот.

За другото, ќе мора да ги почекаме презентациите и на двата модела.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг