СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Peugeot e-208: Електриката за популарниот суб-компакт

 

Електрификацијата на нашиот автомобилски пазар досега се одвиваше инцидентно, односно само со промотивни модели. Ситуацијата од корен се менува со понуда на целосно електричниот Peugeot e-208.

Генералната ориентација на Peugeot е да понуди електрична верзија на секој модел од гамата. Забрзаната електрификација започнува со популарниот, е-208 кој веќе го има во понудата на нашиот генерален увозник.

Со помош на употребената мултиенергетска платформа сега Peugeot 208 може да се добие со бензиски, дизел или на чисто електричен погон.

Со почетна цена од 32.520 на купувачите сега им се нуди возило со нулта емисија кое има електричен мотор од 100 kW (136 КС) сместен под хаубата, со сет од батерии чиј капацитет изнесува 50 kWh (опциски се нуди и со 75 kWh).

За тој износ се добива одлично дизајнирано, солидно опремено возило со нулта емисија на штетни гасови кое со полни батерии може да помине растојание од преку 300 километри.

Мерено според  WLTP процедурите декларираната вредност изнесува 350 км. но знаеме дека втономијата на електричните возила силно зависи од стилот на возење, начинот на употреба и од конфигурацијата на теренот.

Исто така, во природата на вградените литум-јонски батерии е да нивниот капацитет зависи и од надворешната температурите, па поради сите тие фактори реално може да се поминат околу 300-тини километри..

За повторно оживување на батериите, Peugeot предвидува неколку начини: од домашен 10-амперски, преку домашен трофазен приклучок па се до ѕидни кутии и брзи полначи (овие последниве кај нас сеуште ги нема).

Од изворот на електричната енергија зависи и времетраењето на полнење.

Апроксимативно земено, ако имате трофазен полнач потребни се околу 5 часа за полнење на батеријата.

За општествените бенефити од употребата на електрични возила се знае доволно, но исто така и корисниците бенефитираат од повтиното возење.

Како за пример со едно полнење (значи 50 kWh) според сегашните цени на електричната енергија (во скапата тарифа) потребни ќе бидат околу 360 денари.

За тој паричен износ може да се поминат околу 300 километри, што значи дека за секој поминат километар потребни се околу 1.2 денари.

Поради отсуството на механичките компоненти од типот на мотор, менувач, преносни оски, … оддржувањето на електричните возило е далеку поедноставно. Да, батериите имаат гаранција од 8 години или 160 илјади километри.

Као бонус корисниците добиваат безшумно возило, ослободено од секакви вибрации, и перформанси кои ќе ги задоволат и поамбиционите возачи.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг