СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Валентино Роси се повлекува
(со видео)

 

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси на прес-конференција најави дека крајот на сезоната ќе значи и крај на неговата кариера во мотоциклизам.

Докторот со број 46 веќе од порано имаше најавено дека одлуката о својата иднина ќе ја донесе за време на летната пауза.

Тој сакаше и понатаму да вози, но сега за сопствениот Sky Racing Team by VR46 кој од идната сезона со Ducati ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот.

На крајот сепак реши да им ја препушти шансата на помладите, задоволен од сé што поминал во минативе 25 години, колку што е во мотоциклизмот.

Роси ја започна кариерата во 1996 година возејќи Aprilia во класата 125, во која веќе наредната ’97-ма ја освои шампионската титула.

Приказната се повтори и во класата 250 каде премина во 1998-мата и каде исто со Aprilia ја освои титулата наредната ’99-та година.

Од 2000-тата наваму е активен во Мото ГП класата, освојувајќи ја титулата седум пати – од 2001 до 2005 и после тоа во 2008 и 2009 година.

Првите четири сезони возеше за Honda, а во 2004-тата премина кај Yamaha каде со пауза во 2011 и 2012 кога возеше за Ducati, остана до денес.

Има настапено на 363 трки, освоено 55 пол-позиции, извозено 76 најбрзи кругови и 199 пати се има искачено на подиумот, од кои 89 пати на највисокото место.

И сето ова само во Мото ГП класата, во која ланската сезона ја заврши 15-ти, со освоено едно трето место како најдобар пласман.

Полани беше седми, во 2018-тата трети, а последен пат има победено во 2017-тата на големата награда на Холандија.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео