СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Tesla Cybertruck Made in Bosna (ВИДЕО)

Ова не е виц со Мујо и Хасо во главните улоги, туку вистинска вест која стигнува од Мостар.

Босанската компанијата Stark Solutions предводена од Марио Ќориќ успеа да совлада голем предизвик – направија копија на контроверзниот Cybertruck на Tesla.

Судејќи според фотографиите, таа изгледа доста верно, со една разлика – не е на струја.

Како основа им послужи Ford F150 Raptor, од кој ја презедоа целата механика која ја „обвиткаа“ со футуристичката каросерија на електричниот пикап на Илон Маск.

Судирајќи се со бројни непознаници бидејќи никој од нив не го видел оригиналот во живо, тие вложија осум месеци ентузијастичка работа, на задоволство на нарачателот на возилото кој засега е непознат.

Задоволни се и во тимот на Stark Solutions чија основна дејност се иновативните апарати за обложување, така што се решени да покренат негово „сериско“ производство.

Колку во Tesla ќе бидат задоволни од тоа, допрва ќе слушнеме. А можеби и нема, ако и тие помислат дека се работи за виц со Мујо и Хасо…

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SYNC Media (@sync.media.bh) on

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео