СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Suzuki Jimny: Два чекора напред еден назад

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: SuzukiJimny not found

 

Штотуку претставениот мал теренец на Suzuki под ретро дизјнираната каросерија крие целосно нови технолошки решенија.

Кога ќе се споредат постојниот Jimny и штотуку претставениот наследник, веднаш се раќа дилемата: кој е новиот а кој веќе оди во пензија. Да ги расчистиме одма дилемите, наследникот изгледа како да е дизајниран пред педесетина години.

Зошто е тоа така најдобро знаат стратезите на Suzuki, исто како што знаат за високото ниво на вградената технологија.

А на тоа поле јапонците има што кажат. Новиот Jimny може да се пофали со нова носечка решеткаста структура, нови мотори, преработен интегрален погон, високо ниво на конективност, пакетите на безбедносна опрема.

Мотивите на дизајнерскиот тим околу ептен коцкестата форма нема да ги коментираме освен тоа дека и веројатно ќе има и купувачи за кои прва асоцијација за теренец веројанто е токму обликот кој силно потсетува на Wrangler.

Сосема е поинаква состојбата со нивото на вградената технологија.

Додека за домашниот пазар се нуди турбо мотор од 660 ccm, европските купувачи ќе може да ги ползуваат предностите на новиот 1.5 литарски атмосферец (100 КС) кој доаѓа како замена за досегашниот мотор од 1.3 литри.

Погледот на палката за избор на погонот ни дава до знаење дека Jimny може да се движи само на преден погон, на сите четири тркала како и интегрален погон со вклучена редукција.

Комбинацијата на новиот мотор со висок вртежен момент при ниски вртежи, петостепениот рачен (или автоматика со четири преносни односи) и изборот за прераспределба на силината, гарантираат висока проодност наменета дури и за „хардкор“ професионалците.

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV