СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Skoda Kamiq: Роден најмалиот SUV на Skoda

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: SkodaKamiq not found

 

По лансирањето на Škoda Kodiaq и Karoq на ред дојде и најкомпактниот меѓу нив, моделот Kamiq. Со урбаниот кросовер чесите ја заокружуваат понудата на SUV возила.

Доследна на воведеното именување на SUV моделите, при што првата и последната биква се “К” и ”q”,  Skoda го претставува најновото свое остварување, Kamiq.

Изграден врз проверената модуларна платформа MQB, Kamiq доаѓа со меѓусокино растојание од 265 cm. Покрај должината од 424 cm тој според димензиите е најголем претставник на т. н. класа на урбани кросовери.

Од вака димензионираното возило највеќе профитираат патниците на задната клупа, каде што се нуди најголем простор за колената. Покрај тоа и багажникот од округло 400 литри исто така ги надминува своите конкуренти.

Вредните чешки конструктори покрај за димензиите, се потрудиле на Kamiq да му подарат карактер достоен за отворање на нова класа.

Дизајнерски гледано, стилот од претходниците, кои исто така се од понов датум, градскиот кросовер ги носи истите гени од поблиските роднини. Чистите и остри линии јасно говорат за стил кој веројатно ќе го гледаме и во идните модели на Skoda.

Внатрешноста не може да биде поинаку конципирана отколку да ги содржи сите конективни можности, и се рабира, електронска табла на која може да се прикаже графика според желба на корисникот.

Како погонски аграгати за Skoda Kamiq се предвидени бензиски и дизел агрегати со директно вбризгување.

Бензиската дивизија ја сочинуваат два трицилиндерски мотори од еден литар и 95 односно 115 КС, а најмоќниот меќу нив им еден цилиндар повеќе и ослободува 150 КС.

Тоа е овозможено од четирите цилиндри со работна зафатнина од 1.5 литри. Тој е оспособен да го препознава ниското оптеретување при што автоматски исклучува два цилиндри.

Единствениот дизел е добро познатиот аграгат од 1.6 литри, кој дотеран за исполнување на новите еколошки норми ослободува 115 КС и момент од 250 Nm.

Сите мотори ги исполнуваат Euro 6d Temp нормите – бензинците се опремени со бензикси филтер за партикуларни честици додека дизелот со AdBlue технологија.

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот