СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Škoda Fabia Monte Carlo: Нов адут од Млада Болеслава [2*видео]

 

Покрај караванска, четвртата генерација на Škoda Fabia нема да добие ниту спортска RS верзија, така што ова треба да биде најблизу до тоа.

Еколошките правила пресудија – 150 коњски сили ќе мора да бидат доволни за љубителите на поатрактивни изведби на Škoda Fabia.

Звучното име Monte Carlo, најмногу на што можат да сметаат, ќе им донесе двобојна црвено-црна каросерија со LED елементи и 17-инчни тркала.

Кој сака ќе добие и од 18 инчи, а сите ќе добијат школкасти седишта и моќен инфо-забавен систем за поголемо уживање во возењето.

Колкаво пак ќе биде тоа ќе зависи од моторот кој може да биде од основниот 1,0 литарски со 80 до 1,5 литарскиот TSi со 150 коњски сили.

Заедно со седумстепениот автоматизиран менувач тој ќе го забрза новиот адут од Млада Болеслава до стотка за 8,0 секунди и до максимални 225 km/h.

За повеќе од тоа во субкомпактна каросерија ќе мора да се обратите до Волфсбург, Барселона или Инголштат.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео