СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Volkswagen веќе работи на следната генерација на Passat

 

Иако пред кратко време ја пензионираше неговата лимузинска изведба, Volkswagen нема да се откаже од Passat.

Иднината на овој модел кој е вткаен во гените на марката од Волфсбург ќе продолжи, но само во караванска верзија.

Планирано е таа да се произведува во фабриката на Volkswagen во Словачка, заедно со Škoda Superb, почнувајќи од 2023 година.

На новата генерација наголемо се работи и тест-прототипите веќе се на европските патишта „маскирани” во каросеријата на сегашната генерација.

Моторната понуда е обвиткана со велот на тајната, а и дизајнот е мистерија – уводната слика е само одлично направена претпоставка на некој кој е вешт со фотошоп.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот