СЛЕДЕТЕ НЀ

Галерии

Škoda го освежи Karoq
[фото-галерија]

 

Големиот адут на Škoda во компактната SUV класа сега е освежен и технолошки дотеран.

Освежувањето доаѓа преку благите оптички доработки, поефикасните мотори и напредните технологии за безбедност и удобност.

Димензиите на популарниот SUV на Škoda останаа исти – или поточно скоро исти бидејќи должината му е зголемена за 8 милиметри во однос на претходникот.

Еволуцијата во дизајнот е изразена преку светлата, новиот браник го голем отвор за воздух и гломазната за ваков модел шестаголна маска.

Во внатрешноста Karoq доаѓа со стандардна дигитална инструмент табла со две големини, исто колку што во зависност од пакетот има и централниот екран.

За безбедноста ќе се грижат девет воздушни перници и низа системи: Park Assist, Trailer Assist, Crew Protect Assist, Area View, Travel Assist…

Моторната понуда стартува од 1,0 литарскиот трицилиндричен TSi со 110 KS, кој доаѓа исклучиво во комбинација со 6-степен мануелен менувач.

Добар избор е 1,5 литарскиот мотор со 150 KS кој може да се добие и со 7-степен DSG, кој пак е единствен за најсилниот 2.0 TSi модел со 190 KS и погон на сите тркала.

Има и дизели, и тоа два дволитарски со 116 и 150 KS, кај кои DSG менувачот и 4×4 погонот се достапни како опција.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Галерии