СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Audi RS3 – 400 KS, 500 Nm, 60.000 € [фото-галерија]

 

Audi ги претстави долго најавуваните топ изданија на A3 во хечбек и седан изведба.

Со тоа ги замолчи сите оние кои од лани есента тврдеа дека S3 не е достоен конкурент на минхенската и штутгартската конкуренција.

Како и неговиот претходник, така и новиот Audi RS3 доаѓа во хечбек (всушност Sportback) изведба со 5 врати и како седан.

Обете изведби се истакнуваат со својот агресивен дизајн со новата маска, предните браници и графиката на LED светлата кои на долниот раб прикажуваат коцкасто знаменце кое наизменично се заменува со ознаката R-S-3.

Тркалата, битен фактор за вакви модели, се од 19 инчи со темна боја, а тука се и спортските прагови, задниот браник со дифузор и две огромни издувни цевки и нагласениот спојлер кај седанот.

Новите RS3 модели нема да разочараат ни внатре, каде се среќаваат спортски седишта и засечен управувач со тркачки обележана централна позиција, но и дигитална инструмент табла и не така голем екран на мултимедискиот систем.

Она што е најбитно, јасно, се крие под хаубата – петглава ламја чии 2,5 литарски грла во пламен создаваат 400 KS и 500 Nm.

Пренесувајќи се на сите четири шепи со седум канџи, може да полета до максимални височини од 290 километри на час, од кои првите сто ги фаќа за 3,8 секунди.

За да се почувствува сето ова, во Германија треба да се избројат минимум 60.000 евра.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот